Повик за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за време на летниот распуст 2019 година

Повик за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за време на летниот распуст 2019 година

Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, посебен додаток,  детски додаток како и деца без родители и родителска грижа, да се јават за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација за своите деца.

Oваа услуга може да ја користат деца од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, детски додаток, како и децата  без родители и родителска грижа, родени во периодот од 2004 до 2009 година  и/или деца редовни ученици  кои во учебната 2018/2019 година посетувале петто, шесто, седмо, осмо и девето одделение и деца корисници на посебен додаток  до 26 години.

Услугата ќе се користи во текот на летниот распуст во смени од по 7 дена. Одобрениот термин за користење на услугата не може да се менува, освен доколку постојат оправдани причини.

Услугата на бесплатен одмор и рекреација за деца опфаќа 6 полни пансиони  (ноќевање со три оброка дневно), едукативни, забавни и спортски активности.
Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одморот.Услугата вклучува и превоз на децата и нивните придружници  до одмаралиштето и обратно.

Потребни документи за користење на услугата:

За користење на бесплатната услуга за одмор и рекреација потребно е да се поднесе барање до надлежниот Центар за социјална работа, според местото на живеење. Барањето го издава надлежниот Центар за социјална работа.
Барањата ќе можат да се поднесуваат најдоцна до 07.06.2019 година односно до пополнување на предвидениот број на корисници, во просториите на надлежните Центри за социјална работа.
Лицата кои ќе ја користат услугата навремено ќе бидат информирани од страна на надлежниот Центар за социјална работа .