ЈАВЕН ОГЛАС Шест (6) извршители

Врз основа на член 22, ст.1, т.2 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) ,член 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија” бр. 167/15, 27/16, 120/18 и 110/19) и член 212 Законот за социјалната заштита (Службен Весник на Република Северна Македонија бр.104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22) ЈУ Меѓуопштински центар за Социјална работа Битола, распишува:

ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на шест (6) извршители на неопределено време во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Битола

ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Битола, објавува оглас за вработување на 6 (шест) извршители на неопределено време на следните позиции:

1. Водител на случај – психолог 2(два) извршители – самостоен стручен службеник од четврто ниво.

2. Водител на случај – педагог 1(еден) извршител самостоен стручен службеник од четврто ниво.

3. Водител на случај – правник 1(еден) извршител самостоен стручен службеник од четврто ниво.

4. Социјален згрижувач на деца 1(еден) извршител Помошно стручен службеник од трето ниво

5. Возач – Помошно техничко лице (за превоз на лица и опрема) од второ ниво 1(еден) извршител.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови утврдени со со Правилникот за систематизација на работните места во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Битола:
– да е државјанин на Република Северна Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Битола.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена кај нотар.

Кандидатите за работните позиција под реден број 1 (еден), потребно е да ги достават следните документи:

Доказ за државјанство;

– Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;
– стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен и најмалку 2 години работно искуство,и тоа: ПСИХОЛОГИЈА

– Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,

– Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административни управување.
Кратка биографија;
Писмо за мотивација.

Распоред на работно време:работни часови во неделата: 40, работно време од понеделник до петок од 07:30 до 15:30 или 08:30 до 16:30 часот.

Паричниот износ на основната нето плата за систем оператор за внес изнесува 28,903 (дваесет и осум илјади деветстотини и три денари).

Кандидатите за работните позиција под реден број 2 (два), потребно е да ги достават следните документи:

Доказ за државјанство;

– Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;
– стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен и најмалку 2 години работно искуство,и тоа: ПЕДАГОГИЈА И ДИПЛОМИРАН СОЦИЈАЛЕН И РЕХАБИЛИТАЦИСКИ ПЕДАГОГ

– Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,

– Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административни управување.

Кратка биографија;
Писмо за мотивација.

Распоред на работно време:работни часови во неделата: 40, работно време од понеделник до петок од 07:30 до 15:30 или 08:30 до 16:30 часот.

Паричниот износ на основната нето плата за систем оператор за внес изнесува 28,903 (дваесет и осум илјади деветстотини и три денари).

Кандидатите за работните позиција под реден број 3 (три), потребно е да ги достават следните документи:

Доказ за државјанство;

– Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;
– стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен и најмалку 2 години работно искуство,и тоа: ПРАВНИ НАУКИ

– Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,

– Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административни управување.

Кратка биографија;
Писмо за мотивација.

Распоред на работно време:работни часови во неделата: 40, работно време од понеделник до петок од 07:30 до 15:30 или 08:30 до 16:30 часот.

Паричниот износ на основната нето плата за систем оператор за внес изнесува 28,903 (дваесет и осум илјади деветстотини и три денари).

Кандидатите за работните позиција под реден број 4 (четири), потребно е да ги достават следните документи:

– Доказ за државјанство;

– Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;
– активно да го користи македонскиот јазик,

– да има општа здравствена способност за работното место
– најмалку ниво на квалификации III, 180 кредити според ЕЦВЕТ или тригодишно средно образование и тоа: СРЕДНО ТЕКСТИЛНО, СРЕДНО ЕКОНОМСКО И СРЕДНО ЗЕМЈОДЕЛСКО ОБРАЗОВАНИЕ.
Кратка биографија;
Писмо за мотивација.

Распоред на работно време:работни часови во неделата: 40, работно време од понеделник до петок од 07:30 до 15:30 или 08:30 до 16:30 часот.

Паричниот износ на основната нето плата за систем оператор за внес изнесува 18,856 (осумнаесет илјади и осумстотини и педесет и шест денари).

Кандидатите за работните позиција под реден број 5 (пет), потребно е да ги достават следните документи:

– Доказ за државјанство;

– Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;
– активно да го користи македонскиот јазик,

– да има општа здравствена способност за работното место
– најмалку ниво на квалификации III, 180 кредити според ЕЦВЕТ или тригодишно средно образование и тоа: СРЕДНО ТЕХНИЧКО И СРЕДНО ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ.
.
Кратка биографија;
Писмо за мотивација.

Распоред на работно време:работни часови во неделата: 40, работно време од понеделник до петок од 07:30 до 15:30 или 08:30 до 16:30 часот.

Паричниот износ на основната нето плата за систем оператор за внес изнесува 19.296 (деветнаесет илјади и двесте и деведесет и шест денари).

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на НЕОПРЕДЕЛНО време.

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на: ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Битола, или по пошта на следната адреса:
ул.Карпош бб, Битола
ЈУМ Центар за социјална работа – Битола
Одделение за човечки ресурси
(со назнака “за оглас”).

Лице за контакт Денис Алилоски

Ненавремените, нецелосните и некомплетните пријави и документација нема да се разгледуваат.

ЈУ Меѓуопштински центар за
Социјална работа-Битола