Ј А В Е Н  О Г Л А С

За вработување на 1 (еден) извршител на неопределено време во

ЈУМ ЦСР,Битола

Врз основа на член 20-г,од Законот за вработените во јавниот сектор(“Службен весник на РМ” бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и “Службен весник на РСМ” бр.143,19 и 14/20), член 22 и 23 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ“ бр.62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.110/19, 267/20 и 151/21 ), член 212 од Законот за социјана заштита (“Сл.весник на РСМ” бр.104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22 и 65/23) и Согласноста за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии со бр.18-3324/2 од 23.03.2023 година, Директорот на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, Битола, распишува:

Ј А В Е Н О Г Л А С
За вработување на 1 (еден) извршител на неопределено време во
ЈУМ ЦСР,Битола

ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа,Битола, објавува јавен оглас за вработување на 1 (еден) извршител на неопределено време на следната позиција:
1. СОЗ0303А04022 Водител на случај-Педагог од ниво А4 во Служба за услуги од социјална заштита – 1 (еден) извршител.

Кандидатот треба ди ги исполнуваат следните општи услови утврдени со Законоти Правилникот за систематизација на работните места во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа,Битола:
– да е државјанин на Република Северна Македонија;
– активно да го користи македонскиот јазик;
– да е полнолетен;
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршењепрофесија, дејност или должност.
Кандидатот треба да ги исполнуваат следните посебни услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа,Битола:
– За нивото А4 стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Педагогија или дипломиран Социјален и рехабилитациски педагог и најмалку две години работно искуство;
– Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
– Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).

Право на учество имаат сите кандидати кои ги исполнуваат општите и посебните услови наведени во јавниот оглас. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите во оригинална форма или копија заверена на нотар.

Кандидатите потребно е да ги достават следните документи:

– Уверение за државјанство;
– Лекарско уверение за општа здравствена способност за работното место;
– Доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;
– Уверение/диплома за завршено образовани со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Педагогија или дипломиран Социјален и рехабилитациски педагог и најмалку две години работно искуство;
– Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
– Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
– Кратка биографија и
– Писмо за мотивација.

Распоред на работното време: 40 работни часови во неделата, од понеделник до петок со флексибилно работно време помеѓу 07:30 и 08:30 и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 28.928,00 ден.

Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на неопределено време.

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи е 8 (осум) работни дена сметано од денот на објавување на огласот.Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Пријавата со потребната документација треба да се достават до архивата на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа,Битола или по пошта на следната адреса:
Населба Карпош бб, Битола
ЈУМ Центар за социјална работа,Битола
Одделение за човечки ресурси
Лице за контакт: Лидија Ѓошевска
Контакт тел.071-342-463
(со назнака за ,,Јавен оглас,,)

Ненавремените,нецелосните и некомплетните пријави и документација нема да се разгледуваат.

ЈУМ Центар за социјална работа,Битола
Директор, Др.Лидија Ѓошевска