ЗА НАС

Центарот се основа како јавна установа за социјална заштита со јавни овластувања заради вршење на работите од социјалната заштита. Центарот може да се основа, ако се исполнети општите услови за основање на јавна установа за социјална заштита од членот 89 став 1 на овој закон и задолжително ги има најмалку следниве основни образовни профили: социјален работник, психолог, педагог и правник. Лицата со образовен профил од ставот 2 на овој член треба да имаат најмалку високо образование и лиценца за работа согласно со овој закон. Центарот може да се основа за подрачјето на една или повеќе општини.

 

 

Од делокругот на јавните овластувања центарот ги врши следниве работи:

– решава за правата од социјална заштита, утврдени со овој закон;

– решава за правата утврдени со Законот за заштита на децата, и тоа: детски додаток, посебен додаток, еднократна парична помош за новороденче и родителски додаток за дете,

– решава за парична помош на лица со признаен статус на бегалец и под супсидијарна заштита, утврдени со Законот за азил и привремена заштита,

– решава за работите утврдени со семејно-правните прописи,

– постапува по работите од својата надлежност утврдени со кривично-правните прописи,

– води евиденција и прибира документација за корисниците на социјалната и семејно-правната заштита за применетите облици на социјална заштита и

– врши и други работи утврдени со закон.

 

При спроведувањето на социјалната заштита, како и стручната работа, центарот:

– открива, следи и проучува социјални појави и проблеми,

– врши непосреден увид заради утврдување на фактичката состојба на лицето или семејството,

– поттикнува и презема превентивни дејствија од членовите 24 и 25 на овој закон во спречување и отстранување на причините за настанување на положба од социјален ризик,

– изготвува планови и програми за социј ална заштита,

– применува и спроведува соодветни облици и форми на социјална заштита и непосредно помага на граѓанин или семејство,

– развива и спроведува вонинституционални облици на социјална заштита,

– поднесува извештај до Министерството за работите утврдени со членот 134 на овој закон

– врши и други работи утврдени со закон.